Руперт Мардок сака да ја купи СNN

од desk4
80 прегледи

 

 

Руперт Мардок сака да купи Си-Ен-Ен. Медиумскиот магнат упатил две неофицијални предлога кон сопствениците на новинската телевизија. Во последните 6 месеци Руперт Мардок се јавил два пати на главниот извршен директор на “Еј Ти & Tи” Рандал Стивенсон, за да му понуди да го купи телевизискиот канал.

Светската телевизија на Тед Тарнер е во сопственост на Time Warner.

Пред година телекомуникацискиот гигант “Еј Ти & Tи” склучил зделка да го проголта “Тајм Ворнер” за 85 милијарди долари, но случајот со Си Ен Ен уште не е решен од антимонополните органи.

Во 2014 година, Мардок понуди да го купи Time Warner за 80 милијарди долари, но нејзините акционери не се согласија. 86-годишниот Австралиец е сопственик на огромна медиумска империја низ целиот свет, која вклучува и американската телевизија и конкурент на Си-Ен-Ен “Фокс њуз”.