Бренда Џенти од Вирџинија освоила џек-пот од 5 милиони долари на грепки.

Таа раскажува дека ја зафатила вистинска победничка серија откако претходно освоила еднаш 5000 и еднаш 500 долари
Џенти вели дека е воодушевена и не знае како да потроши толку многу пари.
– Малку сето ова ме излудува, бидејќи не сакам да го сменам мојот начин на живот, изјави среќната добитничка.