Рап ѕвездата Еминем го направи своето долгоочекувано враќање во музиката со парче необично за себе – интроспективна балада со доминантно учество на дивата Beyonce.
Со неа тој ќе биде на сцената на овогодинешните МТВ Европски музички награди (ЕМА) вечерва.
Исто така, се очекува дека песната ќе биде објавена како деби сингл од неговиот следен деветти студиски албум, RVVIVAL, кој е негов прв од четири години.
Во новото парче Walk on Water раперот е придружуван речиси целосно од пијано и гудачки инструменти, што е дефинитивно изненадувачко спрема заситенот инаку со агресивни битови и брзи рими стил.
Со текстот “Богот на рапот” ја открива слабата страна, опишувајќи дека тој всушност е обичен човек, кој никогаш нема да го стигне нивото на легенди како Принс, Тупак и Џа Ноториус Биг.
На позадината на лирската мелодија Еминем сподели уште дека перфекционизмот често го исполнува со стравови и анксиозност, како и дека секој пат кога ќе се создаде нешто се ужаснува од мислата дека тоа ќе биде неуспешно.