Вашингтон ги намалува пензиите на поранешните претседатели на САД

од desk2
75 прегледи

Поранешните американски претседатели нема повеќе да имаат пензии од стотина илјади долари, затоа што тоа го оптоварува буџетот на САД, а секако со своите книги и предавања заработуваат милиони, наведуваат американските портали.

Долниот дом на Конгресот изгласа закон за намалување на пензиите и другите поволности за поранешните претседатели, а тој текст треба да го потврди Сенатот.

Според законот од 1958 година, поранешните претседатели имаат огромни пензии и имаат право на буџет од кој ги плаќаат соработниците и одржуваат канцеларии. Некогашните американски претседатели заработуваат милиони долари од хонорари за своите книги или говори, вели републиканецот Џоди Хајс, автор на законот.

Со оглед на огромниот национален долг, поранешните претседатели мора да бидат пример за штедење сметаат американските пратеници.

Според новиот закон, вкупната годишна пензија за секој поранешен претседател не треба да премаши 200.000 долари годишно, а буџетот за канцеларијата и соработниците ќе изнесува најмногу 500.000 долари.

Сумата треба да биде намалена на 350.000 долари во шестата година по излегувањето од Белата куќа, и на 250.000 во единаесеттата.