Претседателот на покраинската власт во Војводина Игор Мировиќ денеска рече дека се во преговори со италијански инвеститор во областа на земјоделството и дека постојано се бори со македонските агенции кои им ги земаат инвеститорите.

„Мора да им покажеме на инвеститорите дека имаме способност и потполно опремени индустриски зони со парцели кои според нашите закони може да ги добијат бесплатно во трајсна сопственост, да добијат поттик преку развојните агенции и да бидеме конкурентни во однос на другите земји“, рече Мировиќ.
Истакнува дека и понатаму постојат земји кои ја прифаќаат трката со Србија, а според негови наводи, Покраинската влада е во комуникација со еден италијански инвеститор во областа на земјоделството и непрекинато се бори со македонските агенции тој инвеститор да го задржи во Војводина.