
Лидерот Северна Кореја Ким Јонг Ун планирал да ја киднапира холивудската актерка Џенифер Анистон. Шокантната вест беше објавена од американскиот таблоид National Enquirer.
Според изданието, лидерот на Северна Кореја бил вљубен до уши во ѕвездата од „Пријатели“ и сакал да се ожени со неа.
Ким Јонг Ун ангажирал поранешни вработени во КГБ за киднапирање на актерката, во Париз, во април оваа година. Планот, сепак не успеал бидејќи наводно Анистон имала многу добра заштита. Извор на весникот, претставен како „информатор на ЦИА“, вели дека Ким Јонг Ун „живее во измислен свет во кој Анистон е вљубена во него“.
Изворот рекол уште дека севернокорејскиот диктатор многу ја сакал актерката, често ја гледа серијата „Пријатели“ и се надева дека „наскоро ќе се забавува со неа во резиденцијата со ѕвездата на Холивуд“.