За соработката со Обединети за Македонија, на Љубе Бошковски, премиерот Зоран Заев рече дека со нив имаат коалиција и на парламентарните и по парламентарните избори вклучително и во делот на партиципација во извршната власт.

За ВМРО-Народна партија, на Љупчо Георгиевски, посочи дека и биле понудени места кои не биле прифатени, но остава можност по изборите да разговараат и да бидат составен дел и на извршната власт.
– Со сите тие партии имавме коалиција и на локалните избори. Тоа самото по себе потврдува дека ги разгледуваме сите кандидатски места, сите кадровски решенија кои може да бидат добро решение во интерес на граѓаните, изјави премиерот Зоран Заев.
Останува дилемата со министерот за здравство, дали таму ќе влезе некј друг на местото на Алијансата на Села, и што тоа понатаму ќе предизвика во другите ресори, така што се размислува интензивно и не е исклучена и мини реконструкција на Владата со оглед на испразнетите министерски за градоначалнички фотељи ,порача Заев.