Илон Маск сепак не добил дозвола за изградба на својот мега-брз тунел меѓу Њујорк и Вашингтон, по кој, според неговите пресметки од едниот до другиот град требаше да се стигнува за 29 минути. Њујорк и Вашингтон се оддалечени околу 380 километри.

Кон крајот на јули, Маск на својот Твитер профил напиша дека добил „усмена дозвола од Владата“ за изградба на тој амбициозен проект. Меѓутоа советник во Белата куќа во едно интервју откри дека веројатно се работи за недоразбирање и дека Маск не добил никакво зелено усмено светло.
Никој од компанијата на Маск The Boring Company не сакал да го коментира ова, но медиумите се уверени дека договорот околу изградбата на Hyperloop бил огромно недоразбирање.
Официјална дозвола за градба на таква грандиозна инфратруктура би требало да помине низ повисоки нивоа на власта. Накратко, само едно усмено зелено светло не е доволно за изградба на еден таков супер брз систем за масовен јавен превоз.