Ако има злоупотреба на АКМИС системот во Врховен, треба кривично да се одговара, смета судијата Шпенд Деваја

од desk2
96 прегледи

Судијата Шпенд Деваја од Врховниот суд одговарајќи на новинарско прашање за евентуална злоупотреба на АКМИС системот во Врховниот и во другите судови, рече дека доколку се утврдат какви било злоупотреби за тоа треба кривично да се одговара.

Деваја рече дека барањата за заштита на законитоста кои ги поднесе СЈО пред повеќе од два месеци сè уште не се ставени како точка на дневен ред бидејќи СЈО како обвинителство е ново и одложувањето на одлуките за предметите на СЈО било поради фактот дека недостасувале одредени документи. Тој се надева дека во скоро време Врховниот суд ќе донесе одлука за предметите на СЈО./Макфакс