(Видео) Италија конечно доби официјална химна

од desk2
107 прегледи

Сите ја препознаваат италијанската химна, особено љубителите на спортот, кога таа се интонира на фудбалски и други натпревари, или при победата на Ферари тимот во формула 1, но се до вчера, Италијанците ја немаа ставено во закон.

Од денеска, секој Италијанец кој ќе ја запее познатата Химна на Мамели (наречена така по нејзиниот творец) ќе знае дека тоа е официјална химна на неговата земја.

Италијанците ја пеат химната 71 година, а наречена е Химната на Мамели по авторот на текстот, или Браќа на Италија, по нејзините почетни стихови, но таа била само провизорна.

Во октомври 1946 година, поствоената влада на Италија ја одбрала оваа песна како химна на новата Италијанска република, но никогаш не ја впишале во законот.

Химната на Мамели од 2012 година се учи и во училиштата.

Il Canto degli Italiani датира од 1847 година, кога Џофредо Мамели од Џенова напишал патриотска ода повикувајќи се на антички Рим, на победите и независноста, како и на обединувањето на Италија. Неговиот другар Микеле Новаро, направил музика и се роди Il Canto degli Italiani.