Спасувачките екипи пронашле бебе под урнатините, три дена по земјотресот што го погоди граничниот појас помеѓу Иран и Ирак.

Бебето било пронајдено, неповредено, под урнатините во градот Сарапол е Захаб, три дена по разорниот земјотресот со јачина од 7,3 степени според Рихтер, а во којшто настрадаа повеќе од 500 лица, додека повеќе од 1.000 беа повредени.
Голем број Иранци спасувањето го опишаа како „чудо“ и „знак на надеж по големата трагедија“.
Спасувачите и понатаму продолжуваат да трагаат по преживеани, но од ден на ден успеваат да извлечат се помалку лица со знаци на живот.