Pouchdemon ќе избира единечна или заедничка ќелија

од Vladimir Zorba
119 прегледи

Шпанското Министерство за внатрешни работи му дало одговор на прашалник на белгиското обвинителство за состојбата на затворите во кралството, во очекување на почетокот на сослушувањата за екстрадицијата на поранешниот каталонски лидер Карлес Пучдемон.
Во одговорот се вели дека ако биде екстрадиран во Шпанија и подоцна осуден на затворска казна во затвор тој ќе може да избира меѓу еднична ќелија, или да ја сподели со своите соборци, пишува во извештајот на Вангуардиа.

Пучдемон ќе биде во затвор “Естремера”, каде што во моментов во притвор се други поранешни членови на каталонската влада. Пишува и дека во затворот ќе се грижат за политика да нема акти на агресија против него од страна на други затвореници. Покрај тоа, поранешниот водач на Каталонија ќе може да остане во контакт со својот адвокат.