Се шири група за следење на комуникациите- влегуваат и експертите на СЈО

од Vladimir Zorba
81 прегледи

СЈО станува дел од работната група за следење на комуникациите за имплентирање на препораките на Прибе, ова синоќа беше усвоено на владина седница со дополнување на одлуката за формирање работна група за примената на планот за спроведување на препораките.

Според владаата, оваа одлука е проширена поради  потребата  на проширување на  работната група, каде треба да  бидат вклучени и претставници од Специјалното јавно обвинителство, од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, како и експерти од земјата и странство, кои ќе се повикуваат по потреба.

Потсетуваме , владата формираше работна група за изготвување и следење на имплементација на планот на препораките од Прибе во врска со следењето на комуникациите од 2015- та година. За претседател е именуван Сиљан Аврамовски од Министерството за внатрешни работи, а според структурата група ја сочинуваат 29 лица, од кои 11 се вработени во МВР, двајца претставници од Министерството за одбрана, две лица од Министерството за финансии, четворица пратеници,  по еден претставник од Министерството за правда, од Царинска управа, Финансиска  полиција, Министерство за информатичко општество, Врховниот суд, Јавното обвинителство,  Основно обвинителство за гонење на организиран криминал, Кривичниот суд, Дирекцијата за заштита на лични податоци, Народниот правобранител и еден универзитетски професор.