Фолксваген ќе вложи 34 млд. евра во развој на електрични возила

од desk2
85 прегледи

Групата Фолксваген има намера до 2022 година да вложи 34 милијарди евра во развој на електрични автономни возила.

Групата ќе вложи и во нови услуги како и дигитализација. Секако, повеќето пари ќе бидат вложени во електрификација и хибридизација на сите возила на Фолксваген, како и на модернизација на фабриките. Тоа значи нова платформа за електрични возила, како и електрична замена за моделите Буба и Широко.

Дел од стратегијата вклучува и подобрување на многу постројки на Фолксваген, како и едуцирање на поголемиот дел од работната сила. Фабриката во Цвикау ќе биде претворена во e-mobility фабрика, додека до крајот на 2018 година комплетната програма на Пасат ќе биде сместена во Емден. Голф ќе се произведува во Волфсбург.

Планот на Воксваген подразбира потполно нова платформа Modular Electric Baukasten (MEB), која ќе користи низа електрични возила меѓу кои би можела да биде и Бубата.

Новиот кросовер наречен I.D. Crozz, I.D. hatcback и I.D. Buzz ќе дебитира за неколку години. Фолксваген очекува секој негов модел до 2030 година да има електрична верзија.