Малку мир за Џони Холидеј по неколкудневниот кошмар!

од desk4
62 прегледи

Ѕвездата на францускиот рок Џони Холидеј, кој веќе неколку месеци се бори со рак на белите дробови, денеска излезе од париската клиника. Тој во понеделникот беше итно примен поради респираторна инсуфициенција, пренесе АФП.

Пејачот се врати во својот дом во регионот на Париз, посочи негов роднина. Претходно, лекарите рекоа дека ќе го отпуштат во среда, на 22 ноември. Седумдесет и четиригодишниот Џони Холидеј во март објави дека е болен од канцер. Оттогаш тој се лекува во Париз. Последните недели тој се обидува да дава смирувачки вести за неговото здравје и таквите информации ги распространува на социјалните мрежи, кои ги поставува сопругата Летиција.