“Ние презедовме неколку чекори, но во неколку наврати реков дека многу вода ќе протече на Дунав
пред Хрватска и Србија да зборуваат за пријателски односи меѓу двете земји, но тоа не значи дека не
можеме да преговараме”.

Ова го изјави хрватскиот претседател Колинда Грабар Китаровиќ за време на неговата посета на Вуковар, во источниот дел на земјата. Според неа, неопходно е да се преговара за сите отворени прашања, вклучувајќи го и прашањето за исчезнатите лица за време на српската агресија против Хрватска во раните 1990-ти.
Китаровиќ учествуваше на комеморативната церемонија во знак на сеќавање на жртвите во Вуковар. Овој град бил нападнат од тогашната југословенска армија во летото 1991 година. За време на опсадата градот бил целосно уништен. Точниот број на жртви се уште не е познат, но сигурно е дека само околу 2000 југословенски војници биле убиени во Вуковар. / HRT