Изложба на Мирослав Масин во Љубљана

од Vladimir Zorba
408 прегледи

   Во галеријата Кос во Љубљана вечер ќе биде отворена самостојна изложба на македонскиот академски сликар Мирослав Масин.

Ќе бидат изложени дела од циклусот „Enchantè“ работени последниве четири години. „Enchantè“ претставува сублимат на поранешните циклуси на Масин.

Изложбата  во Љубљана е организација на Младинскиот културен центар – Скопје, со поддршка на Министерството за култура на РМ, а ќе биде отворена до 3 декември.