Шведската компанија Икеа повторно денеска најави повлекување на 29 милиони комоди по смртта на едно дете, што е седми ваков случај.

Извршниот директор на Икеа Ларс Петерсон изјави дека Икеа одлучила да отповика неколку вида комоди кои лесно можат да се превртат ако не се прицврстени на ѕид, пренесе АП.
Смртта на двегодишното момче во Калифорнија, кој во мај е најден заробен под комодата на Икеа „Малм“, го продлабочи сомнежот во начинот на кој Икеа ја известила јавноста за отповикувањето, а кое прв пат е најавено во јуни 2016 година.
Петерсон вели дека компанијата имала „навистина распространета кампања за известување“ преку социјалните мрежи и интернет страниците, и дека на 13 милиони луѓе им пратила мејл во кој ги известува за повлекувањето.