
Во зората на своето настанување нашиот Сончев систем претставувал ротирачки облак од честички и гасови, кои формирале вртежен диск со Сонцето во неговиот центар.
Поради ова општо потекло сите планети се вртат околу Сонцето во една насока и приближно во една рамнина.
Освен тоа сите се вртат околу себе во една насока (налево) – со исклучок на Уран и Венера. Уран се свртува настрана, додека Венера – во спротивна насока. Најчеста причина за ова се џиновските астероиди кои ги удриле во далечното минато.