Берлускони бара Судот во Стразбур да му ја укине забраната за политичко дејствување

од Vladimir Zorba
89 прегледи

   Правниот тим на Силвио Берлускони побара од Европскиот суд за човекови права да му дозволи на поранешниот италијански премиер да може повторно да извршува јавни функции.

Десничарската партија Форца Италија на Берлускони неодамна имаше успешен настап на регионалните избори во Италија и се подготвува да ја предизвика левоицентристичката Демократската партија на Матео Ренци на претстојните парламентарни избори.

Берлускони доби забрана за политичка активност поради пресудата за даночна измама во 2013 година. Забраната треба да му истече во 2019 година, а изборите се очекува да се одржат на почетокот на 2018 година.

Седумнаесет судии на судот во Стразбур го разгледуваат барањето на Берлускони да му се укине забраната. Сепак, можно е нивната одлука да биде донесена предоцна, па тој да не може да се кандидира на претстојните избори.