ФСП до Заев: Ветивте живот, а не паради по градовите и евтин политички маркетинг

од desk2
136 прегледи

Форумот на слободоумни патриоти  го потсетува премиерот Зоран Заев,  дека мандатот за составување на Влада го доби врз основа на Програма за работа која беше презентирана во Собранието на Република Македонија.

„Ветивте живот, а не паради по градовите и евтин политички маркетинг. Ако вака продолжите и не се зафатите со решавање на проблеми кои ги тиштат граѓаните со години, вие уште еднаш ќе покажете дека по ништо не се разликувате од вашиот претходник. Реформи, а не евтин политички маркетинг“, се вели во соопштението.

Исто така, Форумот најостро реагира на однесувањето на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА. „Нашата Црква опстојала со векови и никогаш не ни биле потребни мајки или заштитници. Опстојала заради силната желба и сплотеноста со народот. Оттука, место што праќате љубовни писма до соседните Цркви, подобро ќе биде да се обидете да ја доближите Црквата до народот, нешто што не ваша пракса последните неколку години, со вашите постапки постепено ги оттуѓивте Црквата и народот“.