Неименуван маж од кинескиот град Хулуда имаше неверојатна среќа откако за малку ќе го згазеше автомобил, а потоа врз него ќе паднеше метална бандера.

Еден возач возејќи со голема брзина нагло врти откако таксист му го попречува патот. Тој удира во две расветни бандери, а едната паѓа. Во тој момент на тротоарот стои маж и разговара на телефонот, но додека забележа дека автомобил удри близу него и потскокна, падна бандерата, која го промаши за неколку сантиметри.