Премиерот Зоран Заев смета дека меѓународна истрага за одредени судски случаи, во чие решавање граѓаните немаат доверба, е оправдана, но не додека трае судската постапка во Македонија, затоа што на тој начин ќе се дерогира судскиот систем во Македонија.

Одговарајќи на пратеничко прашање, зошто не се преземаат меѓународни истраги за неколку случаи Заев рече дека тоа го заслужуваат случаите како Смилковско езеро, смртта на новинарот Никола Младенов, случувањата во кумановската Дива населба, Сопот.
Но, тој смета дека додека трае жалбената постапка ќе може да се интервенира со меѓународни експерти, кои би дале тежина, но и неутралност во постапките.
„Народот прашува, на пример за Диво насеље, кој им дозволил да влезат во Македонија, кој ги информирал, можеби и ги лажел и слично. Тоа секако ќе биде истражено и одговори ќе се добијат, рече Заев.