Шилегов не демантира, туку бара трпение и време за да одговри дали на Дрисла се гори радиоактивен отпад!

од Vladimir Zorba
111 прегледи

По изјавите дека на градската депонија Дрисла се горело радиоактиве отпад Градначанкиот Петре Шилегов вара трпение и време за да излезе со целосна анализа

На новинарско прашање за состојбата со депонијата Дрисла и со шпекулациите дека таму се гори радиоактивен отпад, Шилегов побара трпение од скопјани и потсети дека  помалку од еден месец е на функцијата градоначалник.

– Во текот на вчерашниот ден кажав уште малку трпение како град и како институции, набргу ќе излеземе со целосна анализа за состојбата во Дрисла, рече Шилегов.

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска потврди дека издал налог за да се почне постапка за дислоцирање на галиите од реката Вардар.

– Ги испитуваме позициите на сите три објекти и визави таа позиција ќе бидат донесени соодветни решенија. Галиите во Вардар се небезбедно решение за граѓаните на Скопје, потенцира Шилегов.