Заев: МРТВ ќе добие независни управни органи и независна уредувачка политика

од desk2
81 прегледи

Работиме на законско решение за реформа во медиумите кое треба да доведе до комплетна независност на медиумите од извршната власт или други центри што можат да направат дисторзија, рече премиерот Зоран Заев во Собранието, одговарајќи на прашање од пратеникот Јован Митрески.

– Медиумите ќе ја вршат улогата на седмата сила и ќе бидат коректив на извршната власт, ќе ги фалат добрите постапки, а ќе ги критикуваат лошите. МРТ ќе добие независни органи на управување, како директор и финансов директор, независно финансирање, независна уредувачка политика. МРТВ повеќе нема да има потреба да земе пари од колачот од бизнис-секторот, кој ќе остане за приватните медиуми. Апелирам до медиумската заедница за конструктивен прилог. Решението произлегува од ЗНМ, од предлогот на Питер Ванхојте. Ако сакаме конечно да го донесеме законско решение. Ако не, само ќе го развлечеме процесот – рече Заев.