Врховниот суд gi прифати жалбите на одбраната за случајот „Монструм“.
Првостепената и второстепената пресуда за предметот се укинати и се враќа на првостепениот суд на повторно одлучување.
Случајот се однесува на петкратното убиство кај Смилковското езеро, кога беа убиени четири млади момчиња и еден рибар и шест лица беа осудени на доживотни казни затвор.
Враќање на предметот на повторно одлучување бараше и обвинителката во случајот Лилјана Спасовска.