Подгответе вкусен викенд ручек со нашиот денешен рецепт.
Станува збор за традиционален ручек во Аргентина, кој има особено интересен вкус ако го подготвите внимателно според упатствата.

Потребно:
300 гр мелено месо
300 гр варен компир
2 чешниња лук
1 главица кромид
1 лажичка свеж сечкан магданос
Сол, мелен бибер, куркума
Малку сода бикарбона
6 лажички кајмак
Брашно
Презла
Масло
Подготвка:
Измешајте го месото со варен компир (компирот излупете го и исечете го на коцки, сварете го, добро исцедете и иситнете го со вилушка), ситно сечкан кромид и лук, ситно сечкан магданос.
Додадете 1 јајце, 1 жолчка, куркума во прав, сол, мелен бибер и сода бикаробна. Измешајте добро – смесата треба да се соедини. Смесата поделете ја на 6 делови. Со влажни раце земете топче месо и растегнете го во елипсовиден круг, на средина ставете 1 лажичка кајмак.
Затворете и израмнете ја смесата, која претходно сте ја ставиле во брашно.
Ќебапот ставете го во разматена белка, па во презла. Загрејте масло и пржете од двете страни. Пријатен апетит.