Популарниот сервис за делење фотографии Imgur утврди дека хакерите во 2014 година украле податоци на 1,7 милиони корисници.

Imgur дури во петокот дознал дека во 2014 година биле компромитирани e-mail адресите и шифрите на околу 1,7 милиони корисници на овој сервис.
Шефот на операцијата Рој Сегал вели дека Imgur не собира имиња, адреси или телефонски броеви на своите корисници туку дека се украдени само мејл адреси.
Компанијата го истражува инцидентот и верува дека хакерите го крекувале стариот алгоритам кој се користел во тоа време и тоа брутално. Imgur ја подобри енкрипцијата во 2016 година.
Зборови кои не се пронајдени во базата: