Неколку десетици илјади лица учествуваа синоќа на протести во Букурешт и десетици други романски градови поради владините планови за реформи на даночниот и правосудниот систем.

Околу 30.000 лица се собраа на „Плоштадот на победата“ во Букурешт, од каде се упатија кон зградата на романскиот Парламент.
Уште околу 20.000 луѓе учествуваа и на протестите во над 70 градови ширум Романија, како и на собирите организирани од романската дијаспора во Амстердам, Бирмингем, Минхен и Цирих.
Организаторите на протестите, неколку навладини организации и опозициски партии, тврдат дела измените во даночното законодавство ќе резултираат со намалување на платите, додека реформите во правосудството ќе ја ослабнат борбата против корупцијата.
Учесниците на протестите скандираа „правда, не корупција“, „крадци“ и „оставки“, носеа транспаренти со натпис „Се за правдата“ и ја нерекуваа владејачката Социјалдемокартска партија (ПСД) – „црвена куга“.