Албанскиот министер за Албанците надвор од границите, Пандели Мајко, ги повика косовските власти на „отворање граница“ на 1 јануари 2018 година, нарекувајќи го тоа „европска акција”.

Приштинскиот весник „Коха диторе” објави дека Мајко, поранешниот премиер на Албанија за време на бомбардирањето на Србија, во саботата на форумот „говорел во име на актуелниот премиер на Албанија, Еди Рама”.
Мајко изјави дека во 1999 година, „кога Албанија ги отвори границите за косовските Албанци, никој во светот не праша за пасоши и дека и сега нема потреба од документи”.
– Ние Албанците, од другата страна, се радуваме на отворањето на границата од јануари 2018 година. Да ја спроведеме оваа европска акција, рече Мајко.
„Коха“ наведува дека неговиот говор бил поздравен со овации од насобраните во салата и додава дека на собирот се обратиле и косовскиот премиер и претседателот Рамуш Харадинај и Хашим Тачи