Заев: Одлуката на БПЦ исклучително позитивна

од desk2
79 прегледи

Премиерот Зоран Заев ја поздрави одлуката на Бугарската православна црква да го води и помага целиот процес за признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и ја оцени како исклучително позитивна.

– Како православен верник сум радосен, но уште еднаш ќе повторам Македонија е секуларна држава. Ние не сакаме да се мешаме во односите меѓу црквата, но оваа порака е исклучително позитивна и можам само да ја поздравам затоа што дефинитивно правиме напредок и во делот на признавањето на нашата македонска православна црква, изјави Заев, запрашан за коментар за одговорот на БПЦ писмото на МПЦ-ОА.

Изрази надеж дека и другите православни цркви ќе го следат примерот.

– Среќен сум што градењето на пријателство дава резултати. Тоа е само уште една потврда дека треба да продолжиме да градиме пријатели, изјави Заев.

Премиерот Заев учествува на Самитот на шефови на влади за соработка на земјите од централна и источна Европа со Народна Република Кина 16+1, што се одржува во Будимпешта.

Слични содржини