Бугарскиот професор по уставно и црковно право Борислав Цеков: Мудро, канонско и одговорно решение на Светиот синод на БПЦ

од desk4
150 прегледи

По повод одлуката на Светиот синод на БПЦ по барањата на Македонската православна црква, бугарскиот професор по уставно и по црковно право д-р Борислав Цеков коментира на својот фејсбук-профил:

„Одлуката на Светиот синод денес содржи три основни моменти:
1. Еднострано да НЕ ја признава автокефалноста на МПЦ и да го застапува канонскиот ред за заедничка согласност пред останатите помесни цркви.

2. Да НЕ ја обновуваат евхаристиската заедница бидејќи МКЦ е во раскол.

3. Не е случајно тоа што во одлуката НЕ се употребува самоименувањето на МПЦ, како „Охридска архиепископија“, а е означена само како МПЦ. Ова е дипломатски израз за непризнавањето од страна на БПЦ за апсолутно неоснованото тврдење дека МПЦ е наследник.“

Цеков е доктор по уставно право во Институтот за државата и правото при Бугарската академија на науките, универзитетски професор и политичар./ извор бугарски Блиц

Слични содржини