Специјалната јавна обвинителка доби високо признание за најдобар шеф на обвинителство на Балканот, додека специјалното јавно обвинителство го доби признанието „Најдобро обвинителство на Балканот“.
Признанијата во име на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана ги врачи потпретседателот на советодавниот одбор на ИФИМЕС, Ернест Петрич, кој е поранешен член на Уставниот суд на Словенија.
Јанева се заблагодарила на признанието и истакнала дека покрај секојдневната поддршка од граѓаните на Македонија ова признание ќе биде поттик и дополнително охрабрување за идната работа на СЈО.
„Нè очекува уште многу работа, сите вработени свесно ја прифативме оваа работа. Ова признание им припаѓа на сите вработени, но и на граѓаните на Македонија кои иницираа демократски промени, а клучот на тие промени е зајакнување и развивање на институциите на правната држава. Граѓаните сакаат правна сигурност и заштита. Токму нашето делување, покрај процесуирање на одговорните за разни кривични дела кои настанаа врз основа на незаконско прислушување на граѓаните, е да ја вратиме довербата на граѓаните во правната држава“, рекла Јанева.

Во образложението за наградата се наведува.
-
КАТИЦА ЈАНЕВА, НАЈДОБАР ГЛАВЕН ОБВИНИТЕЛ НА БАЛКАНОТБалканскиот регион традиционално ја има карактеристиката на недејствување направната држава и на непочитување на владеењето на правото. Многу зачестен е ифеноменот на политизација на криминалот и на криминализација на политиката.Политичките и криминалните структури ги опустошија државите. По правило, таквитедржави стануваат автократски. Една од таквите држави е и Република Македонија, која вопоследните неколку години се наоѓа во длабока политичка и сѐопшта криза.Евроатланскиот пат на Република Македонија е незамислив без дејствување наинституциите на правната држава. Во Македонија се девастирани речиси сите државниинституции, а правната држава стана мислена именка.Меѓутоа, не е сѐ така црно во Република Македонија. На долгогодишното автократсковладеење му се спротивставија граѓаните преку т.н. шарена револуција, бидејќи сакаа наРепублика Македонија да ѝ ги вратат „украдената држава и демократијата“. Дури,вледејачкиот режим незаконито прислушуваше над 25 илјади граѓани.Како резултат на напорите на граѓаните и на институциите на цивилното општество, коиизвршија силно влијание врз политичките структури, дојде до формирање на Специјалнојавно обвинителство, кое е поврзано со процесуирање на кривични дела кои произлегоаод незаконското прислушување на граѓаните.Во напната атмосфера меѓу граѓанскиот активизам и авторитарните политички структури,се појави светла точка на македонската сцена – Специјалното јавно обвинителство ишефицата на тоа Обвинителство Катица Јанева. Обвинителката Јанева околу себе собраекипа на извонредни соработници. Малку кој веруваше дека Специјалното јавнообвинителство ќе успее во такви околности да ја оствари својата мисија. Со неуморнатаработа на обвинителката Јанева и на соработниците, Специјалното јавно обвинителствосе позиционираше како централна институција во борбата против криминалот икорупцијата. И, што е можеби и уште поважно, ја врати надежта во подобра иднина и вовраќање на украдената држава и на демократијата. Кон тоа придонес имаат и мирнататранзиција и паѓањето на режимот.Иако обвинителката Јанева нема да признае дека токму неа ѝ припаѓаат најголемитезаслуги за организацијата и за водењето на Специјалното јавно обвинителство, оценивмедека неа, сепак, ѝ припаѓа централното место заради сите нејзини напори и ангажирањаСпецијалното јавно обвинителство да се позиционира таму каде што му е местото.Успехот на Специјалното јавно обвинителство и на обвинителката Јанева е препознаенне само во Македонија, туку и во регионот на Балканот. За резултатите наОбвинителството суштински продонес даде изборот на најдобрите обвинители на челосо обвинителката Јанева. Заради тоа, обвинителката Јанева и Обвинителството кое таа гораководи, се пример за другите обвинителства во регионот.Врз основа на горенаведените, но и на сите претходни напори и ангажирања, како иактивности за воспоставување на правна држава, за процесуирање на носителите накриминалот и на корупцијата, како и во насока на ефикасно правосудство, Меѓународниот