Продолжен притворот на Игор Југ, се товари и за тероризам

од desk2
94 прегледи

Игор Југ останува во затворот Шутка. Ваква одлука донесе судијата на претходна постапка по барањето на јавното обвинителство откако истече 30-дневниот притвор кој му беше претходно одреден.

Основното јавно обвинителство, пак, ја прошири истрагата и сега освен за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје, го товари Игор Југ и дека преземал дејствија како водач на толпата која упадна во законодавниот дом на 27 април, но и за кривично дело тероризам.

Ваквата мерка обвинителството побарало од судот поради постоење опасност од бегство, попречување на истрагата, како и можност за повторување на делото./A1on