Барањето на МПЦ до БПЦ, ги разбуди духовите во Белград и Софија

од desk4
117 прегледи

Српската Православна Црква е изненадена од одлуката на БПЦ да ја застапува МПЦ пред останатите православни цркви пишува белградскиот весник Политика откако вчера бугарскиот синод и официјално се произнесе по однос на прашањето за МПЦ, информира ТВ24. Како што пишува весникот СПЦ имала и седница на која на маргините се дискутирало токму и за овие последни случувања меѓу МПЦ и БПЦ. Меѓудругото во заклучокот се наведува дека

„Светиот архијерејски синод на СПЦ е изненаден од одлуката на Бугарската патријаршија и се надеваат дека синодот во Софија ќе остане на линија на канонскиот поредок на црквата со оглед на тоа што Охридската Архиепископија на чело со архиепископот Јован Вранишковски после неодамнешната пресуда на Европскиот суд за човекови права во Стразбур е законска канонска црква на тоа подрачје“.

Дел од српските медиуми пак ваквата одлука на МПЦ да ја признае БПЦ како мајка црква ја дефинираат и како шлаканица пишувајќи дека Македонија нашла нов спонзор во Софија.

По низата вакви реакции во српската јавност денеска се огласи Западно и Средноевропскиот митрополит Антониј кој во интервју за БНТ пак вели дека СПЦ мора да изнајде начин да излезе од расколот со МПЦ, а притоа Бугарската патријаршија да посредува, но потенцира дека БПЦ сè уште не може еднострано да ја признае афтокефалноста на МПЦ, бидејќи во тој случај и таа би можела да влезе во раскол со останатите цркви од православниот свет и притоа да не може да посредува за МПЦ.

„Тоа прашање не е така лесно и е многу сложено. Не може да биде разгледуван импулсивно и еднострано под притисок како што вчера се обидоа протестантски групи пред синодот кои инсистираа светиот синод да признае афтокефалноста на МПЦ нешто кое не може да се случи, а и ако го направиме тоа како што спомна и митрополитот Гаврил во своето интервју ако го направиме тоа еднострано може да влеземе во раскол и ние а ако влеземе во раскол нема како да и помогнеме на МПЦ.“ – изјави Митрополит Антониј.

Во меѓувреме и весникот Ројтерс анализирајќи ги новонастанатите случувања со црквите пишува дека овој потег најверојатно нема да биде поздравен од други православни цркви, пред сѐ на Србија и Грција, во регион каде што верскиот идентитет честопати е тесно поврзан со националистичките страсти и политиката.

„Ројтерс“ потсетува на историјата на прашањето за Македонската православна црква и одлуката на СПЦ да не признава посебност на оваа црква.

Токму периодот којшто следува е период во кој БПЦ ќе треба да ги убедува останатите цркви за признавање на афтокефалноста на МПЦ, а се очекува особено да има потешкотии со СПЦ, Грчката патријаршија, но и Вселенската.

Слични содржини