Притворско барање и за Мукоски,Тарчулоски, Арнаудов

од desk4
69 прегледи

Судот со барање за симнување на имунитет заради притвор и на пратениците Крсто Мукоски, Јохан Тарчулоски и Љубен Арнаудов, потврдуваат собраниски извори за TВ24.

Тв 24  веќе објави дека притворски барања до Собранието стигнале и за пратениците Жаклина Пешевска, Сашо Василвски и Љупчо Димовски.

Според информациите  барањата не се отворени, бидејќи се чека претседателот Талат Џафери да се врати од пат, бидејќи до него се адресирани.

Според информациите за барањата се информирани и членовите на комисијата за мандатно имунитетни и деловнички прашања и комисијата е  подготвена да заседава утре.

За заклучокот на комисијата се гласа во  Собранието, кое во рок од три дена мора да се изјасни за извештајот на комисијата. За да помине заклучокот потребни се  61 глас.

Слични содржини