Бред Пит сепак призна колку ја сакал… зборува за најголемата грешка во неговиот живот!

од desk4
143 прегледи

Му требаа 12 години со Анџелина Џоли да сфати која е неговата најголема љубов.

Бред Пит сфатил колку многу ја сака поранешната сопруга Џенифер Анистон и тоа дури по крајот на бракот со Анџелина Џоли.

Барем така изгледа од материјал во InTouchWeekly. Близок извор до холивудскиот актер коментирал зборувал за изданието дека Пит признал дека најголемата грешка што јанаправил во својот живот, е дека се разделил со ѕвездата од “Пријатели”.

Откако и неговиот брак со Џоли претрпе целосен крах, Бред Пит сфатил колку силно сака поранешната сопруга која, патем, многу тешко го доживеа неверството на актерот.

По неговата разделба со Анџелина, Бред се сретнал со Џенифер и при тоа и се извинил за болката и страдањата што таа ги претрпела. За возврат, таа конечно ги проголтала сите навреди и солзи.

Бред Пит и Џенифер Анистон се земаа во 2000 година. Се чинеше дека нивниот брак беше непоколеблив. До снимањето на филмот “Господин и г-ѓа Смит”, во кој Пит и Џоли беа главни актери, тогаш започна нивната врска.

Анџелина брзо го сврте колегата. Долго време и двајцата ја задржаа нивната врска во тајност. Но, во октомври 2005 година, сè што беше помеѓу Бред и Џенифер заврши и актерката поднесе барање за развод. По седум месеци новата сопруга на Бред му ја подари првородена ќерка.