Предлозите на Атлантскиот совет за новата стратегија на САД за Балканот

од desk4
73 прегледи

– Атлантскиот совет денеска на својата интернет страница го објави извештајот за новата американска стратегија за Балканот под наслов „Балканот напред: Нова стратегија на САД за регионот“.

Во извештајот се наведени неколку конкретни чекори, што САД би требале да ги преземат за да помогнат во стабилизација на регионот:

1. Атлантскиот совет смета дека САД треба да воспостават постојано присуство на војска во Југоисточна Европа, со што би покажале константна посветеност во постигнувањето на безбедноста во регионот и би си овозможиле себе си долгорочно да влијаат на развојот на настаните.

– Воената база Бондстил е идеална за тоа. Војниците би требало да помогна во зајакнување на способностите на локалните власти во борбата против тероризмот преку обука и размена на најдобрите практики, како и пружање на помош во хуманитарните катастрофи, а тоа, исто така би требало да испрати јасен сигнал дека САД се посветени на спречувањето на непромислените ревизии на постоечките граници, на што поттикнува рускиот авантуризам, се посочува во извештајот.

2. САД треба да се обидат да „постигна историско зближување со Србија.

– Белград може и треба да биде близок партнер и сојузник во регионот, но тоа може да стане единствено доколку почне значително да се дистанцира од Русија, истакнува Атлантски совет.

3. САД треба да ја повратат репутацијата на вистински посредник, кој меѓу другото, треба да вложат дополнителен напор да ги подготват Атина и Скопје во иднина да станат сојузници и да се придружат на ЕУ во напорите да поттикнат разговорите помеѓу Белград и Приштина што побрзо да завршат.

4. Треба да се обрне внимание на претприемачите и на младите во регионот.

– Ниту еден од овие чекори нема смисла без да се обрне внимание на долгорочните економски перспективи на регионот и на младите луѓе, се наведува во извештајот.

Атлантски совет потенцира и дека ЕУ е и ќе остане главен играч на Западен Балкан, со многу повеќе ресурски, алатки, човечки капитал и политичко внимание посветено на регинот од САД.