Иванов сакал да ги помирува Заев и Груевски

од Vladimir Zorba
89 прегледи

На покана на претседателот Ѓорге Иванов, синоќа во Кабинетот на претседателот, се одржа средба на која присуствуваа премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

 „Тема на разговор беа актуелните случувања. Се разговараше за можни решенија за излез од актуелната состојба на напнатост во државата што предизвикува загриженост кај граѓаните. Целта на средбата беше да се поттикне помирување и нормализирање на политичките процеси во Република Македонија“, соопштуваат од кабинетот на Иванов.
Партиски извори велат дека премиерот Заев побрал судска разврска за сите процеси, а помирувањето би било  сосем друга работа.Единствено што сега биле согласни биле сите дека треба да се разговара .
Средбата се одржа по вчерашното приведување на 36 лица за насилставата во Собранието на 27 април. Тие се товарат за  терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата.