На синоќешната седница Владата го разгледа и усвои Предлог-законот за амнестија.

Владата го задолжи Министерството за правда да го преработи текстот на Предлог-законот за амнестија, како текст на предлог-закон кој се носи во редовна постапка и да предвиди одредба со која ќе биде дефиниран датумот, дека истиот се однесува за кривични дела предвидени со одредбите од овој предлог – закон сторени до 20.9.2017 година.
на синоќешната 40. седница, Владата на Република Македонија ја разгледа и ја усвои Информацијата за подготовка на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017-2022) со Акциски план. Со оваа предлог стратегија се даваат насоки, правци за подобрување на целокупниот правосуден сектор преку надминување на постојните недостатоци како од нормативен така и од институционален карактер. Стратегијата е проследена со Акциски план кој содржи активности, мерки и рокови со чие спроведување се очекува да се достигне крајната цел на стратегијата – враќање на довербата во институциите преку обезбедување на правна сигурност и пристап до непристрасна и квалитетна правда за граѓаните.
Нацрт-Стратегијата пред да биде доставена во владина процедура за нејзино усвојување, беше во три наврати доставена на мислење до Европската Комисија.
На денешната седница владата ја усвои информацијата на Агенција за катастар на недвижности за изменување и дополнување на Тарифникот за висина на надоместокот за повеќе услуги на катастарот. Со предложените измени, цените на услугите на Агенција за катастар на недвижности за различни услуги се намалуваат од 28 до 90 отсто.
На седницата Владата ја разгледа и усвои информацијата за состојбата и напредокот во процесот на европска интеграција, и го задолжи Секретаријатот за европски прашања веднаш да достави листа на закони, стратегии, планови и програми од План 3-6-9 со насоки како оперативно средство за следење на реализацијата на Планот 3-6-9.
Како дел од точката за состојбата и напредокот во процесот на европска интеграција на седницата одржана денеска, владата ја разгледа информацијата „Инвестициска рамка за Западен Балкан“, како и информацијата „Единствена листа на секторски инфраструктурни инвестициски проекти“, како заедничка иницијатива со Европската комисија за спојување на средствата на ЕК од различни донатори и Меѓународните финансиски институции за финансирање на приоритетни инфраструктурни проекти во земјите од Западен Балкан.