Откриена мистеријата за чудовиштето Јети

од desk2
300 прегледи

Со генетска анализа на наводни примероци на легендарното „снежно чудовиште“, научниците конечно дадоа одговор за мистеријата.

Со оваа анализа се чини конечно е решена вековната мистерија за Јети, „чудовиштето“ што стана дел од хималајската култура.

Научниците тестираа примероци собирани со години, а биологот Шарлот Линдквист од Универзитетот на Бафало ги претстави резултатите пред јавноста.

По генетската анализа на девет коски, заби, кожа и влакна, утврдено е дека примероците припаѓаат на хималајска мечка.

„Очигледно е дека голем дел од легендата за Јети има врска со мечките“, вели таа.

Истражувањето покажа дека примероците што наводно припаѓале на Јети всушност се примероци на денешни видови мечки, поконкретно, хималајската црна и кафеава мечка.

Хималајската кафеава мечка е на листата загрозени животински видови.

„Нашето истражување покажа дека генетиката може да ги реши ваквите мистерии“, заклучи доктор Линдквист.

На научниците од 19. век кои наводно први го виделе Јети и ја вознемириле јавноста, сигурно би им олеснало кога би ги знаеле овие научни докази.