Русите ја лансираа ракетата „Сојуз“ па изгубија контакт со неа

од desk2
75 прегледи

Русија денеска ја лансираше својата ракета „Сојуз“, но неколку часа потоа изгуби со неа секаков контакт, јави SpaceNews.

Ракетата со сателит лансирана е од вселенската станица  Восточни и е втора ракета лансирана од таму. Восточни, инаку е важен дел од руските планови за истражување на вселената.

Сателитот со кој е изгубен секаков контакт е важен дел од тој план. Се работи за метеоролошки сателит  Meteor M2-1, а лансиран е со цел во мисијата предвидено да трае пет години, да собира податоци за климата и временските услови за државната метеоролошкаагенција.

Лансирањето на почетокот одеше по планот, но руската државна космичка корпорација Роскосмос соопшти неколку часа по лансирањето дека не може да го контактира сателитот Meteor-M.

„Во текот на првата планирана комуникациона сесија со вселенскиот брод не беше можно да се воспостави врска затоа што не ја достигна целната орбита“, соопшти Роскосмос.

Meteor M2-1 требаше да се одвои од ракетата која го носеше и да ја започне мисијата кусо по лансирањето, но тоа не се случи.

Според Interfax, руската вселенска агенција не знае каде се наоѓа таа сега.

https://www.youtube.com/watch?v=u6AvnXJar_c