Околу 1.000 луѓе од земјите од Западен Балкан отишле изминатите неколку години на боиштата во Сирија и Ирак, така што потребна е блиска соработка на државите во регионот заради неутрализирање на ширењето на радикализацијата п враќањето на тие борци, било истакнато ма денешната регионална конференција на Брдо кај Крањ.

Генералниот секретар на Советот за регионална соработка Горан Свилановиќ рече на втората Регионална конференција за борба против тероризмот и спречувањето и сузбивањето на насилниот екстремизам, дека меѓу факторите за радикализација се економските и општествените проблеми, како и пропагандата.
„Тероризмот е еден од најголемите проблеми на државите и потребно е да се спознае и разбере за да биде победен“, изјави Свилановиќ.
Тој оцени дека е потребно рано соочување со предизвиците, дека е потребна активна поддршка на владите на земјите од регионот и додаде дека Европската унија(ЕУ) ветила финансиска поддршка.
Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи на Словенија Боштјан Шефиц рече дека оваа борба бара заедничко политичко и стратешко дејство, но и дека економскиот и политичкиот развој на регионот е многу важен за решавање на тој проблем.
Конференцијата во Брдо кај Крањ ја организира Советот за регионална соработка, а домаќин е словенечкото Министерство за надворешни работи.