Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во денешната политичка фараса, чија единствена цел е реваншизам, сеење омраза и уништување на сите оние кои што мислат различно, соопштија од партијата мислејќи на денешната седница на Собранието на која треба да се гласа за одземање на имунитетот на шест пратеници, учесници во настаните од 27 април.

„Главна и единствена работа која СДСМ ја спроведува е политички реваншизам, прогон и хајка. СДСМ очигледно не сака во Македонија да постои опозиција, која што со свест и совест треба да се спротиставува на штетни политики“, велат од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ ги разгледува сите можни опции за да се спротистави и да се стави во заштита на луѓето кои неправедно се дел од политички монитрани процеси без разлика дали тоа се пратеници, официјални лица или обични граѓани, се додава во соопштението.