Ед Ширан и Бијонсе снимија песна под назив „Perfect Duet“ која кај многумина ќе го донесе празничниот дух.

еверојатниот вокал на поп-дивата Бијонсе одлично се вклопи во баладата која ја напиша талентираниот Ед Ширан. Двајцата заедно создадоа единствена хармонија која звучи божествено. „Perfect Duet“ всушност е ремикс на синглот на Ед „Perfect“ кој го објави на почетокот на ноември.
Ед и Бијонсе се покажаа како доличен дует и претходно која ја изведоа песната „Drunk in Love“ на фестивалот Global Citizen во 2015 година и со перформансот посветен на Стиви Вондер на доделувањето на греми наградите.