Мајк Тајсон на гости кај Рамзан Кадиров, лидер на Чеченија

од desk4
165 прегледи

Чеченскиот претседател Рамзан Кадиров ја прими поранешната американска боксерска легенда Мајк Тајсон во Грозни, соопшти самиот тој на својот Инстаграм профил.

Двајцата се пријатели од пред десет години, кога боксерот за првпат гостуваше во чеченскиот главен град.

Иако Мајк Тајсон ја прекина боксерската кариера, тој продолжува да ужива голема популарност и почит во целиот свет. Ние изразивме уверување дека нашата дружба ќе добие нова енергија и продолжение, напиша Кадиров.

Тој раскажа и за средбата со чеченски млади на стадионот во Гудермес каде шефот на Челенија раскажал како се заљубил во боксот, гледајќи кон Мајк Тајсон. Тој додаде и дека Тајсон го прифатилисламот. Неодамна на иницијатива на Кадиров во Грозни еден булевар го добил името Мухамед Али.