
Собраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози, информират од ЈП „Македонија пат“.
Слаб снег провејува на Попова Шапка, додека магла со видливост од 50 до сто метри има на Плетвар.
На магистралниот пат А2 крак Маврово – Стража (два километри пред планинскиот превој) има поголем одрон.
Моментално сообраќајот се одвива по една коловозна лента со присуство на сообраќајна полиција.
На магистралниот пат А3 Делчево – М.Каменица има свлечиште, а сообраќајот се одвива по направена девијација (15-20м).
Јавното претпријатие апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.