Дали и вас ќе ве изневери, ако во минатото бил неверен?

од desk2
143 прегледи

Нова студија го потврдува она што мајка ви ви го зборувала за неверниот маж. Оној кој еднаш изневерил, ќе го направи тоа повторно.

Истражувањето на студентката Кејли Нап од Универзитетот во Денвер потврди дека луѓето кои изневерувале во минатото имаат три до пет пати повеќе шанси тоа да го направат и во следната врска.

Долгорочната студија следела 484 невенчани поединци во рок од пет години и на секои шест месеци по пат на прашалник го проверувала нивниот љубовен живот. Дури 32 отсто од испитаниците признале дека ги изневериле партнерите, а од нив 45 отсто рекле дека тоа го направиле и во следната врска. Од друга страна само 18 отсто од луѓето кои не изневерувале во претходната врска потклекнале и го изневериле сегашниот партнер.

За жал, ако се гледате со момче кое имало обичај да згреши, најверојатно ви се подготвува истото сценарио.

„Не знаеме зошто луѓето кои порано изневерувале често ја повторуваат грешката. Дали помалку ја ценат верноста? Или таквото однесување го собрале растејќи? Без тие податоци тешко со сигурност ќе потврдиме дали некој повторно ќе изневери“, вели Нап.

Во студијата се наведува и дека луѓето кои веќе биле изневерени порано имале повеќе шанси да бидат повторно изневерени во новата врска.

„Овие луѓе можеби се движат во социјални кругови кои им оневозможуваат да најдат доверливи партнери или научиле дека неверството е нормално на основа на претходното искуство“, вели авторката на студијата.