Како Америка ја труе Индија?

од desk2
127 прегледи

Американските рафинерии кои не можат да го продадат „валканото“ гориво во САД го извезуваат во Индија.

Нафтениот кокс, производ на термичкото разградување на нафтените остатоци од канадскиот катран и другите тешки масла, поевтин е и ослободува повеќе топлина од јагленот.

Од друга страна, нафтениот кокс содржи повеќе јаглерод кој ја загрева планетата и далеку повеќе сулфур, кој е штетен за срцето и белите дробови, што е главна причина поради која малку се користи во американските компании.

Рафинериите во САД го продаваат нафтениот кокс ширум светот, посебно во енергетски жедната Индија, земја која минатата година добила петтина од тој производ кој САД го извезла, покажа истражувањето на агенцијата AP.

САД во 2006 година извезле повеќе од осум тона нафтен кокс во Индија, што е 20 пати повеќе отколку во 2010 година. Како што наведува AP; се работи за количина која може да наполни осум њујоршки облакодери со големина на Емпајер стејт билдинг.

Користењето на нафтен кокс во бројни фабрики во Индија придонесува за загадување на веќе опасно загадениот воздух во таа земја.

Граѓаните на Њу Делхи наведуваат дека не ги знаат сите причини поради кои во нивниот град воздухот е толку загаден и додаваат дека се бесни и разочарани.

„Мојот живот е готов… Моите бели дробови се готови“, вели Стати Бир, еден од жителите на Њу Делхи. Тој од џебот вади пумпица за астма и вели дека тоа е единствено што му го олеснува дишењето.

„Вака преживував, инаку не можам да дишам“, објаснува Бир.

Анализите на нафтениот кокс кој се користи во близина на Њу Делхи покажуваат дека тој содржи 17 пати повеќе сулфур од јаглен и 1.380 пати повеќе од дизелот, соопштија индиските надлежни служби задолжени за контрола на загаденоста на воздухот.

Индија користи нафтен кокс од домашно производство што придонесува во загадувањето, наведува AP.

Индустриските функционери наведуваат дека нафтениот кокс е важно и вредно гориво кое се користи со децении, а дека неговата употреба го рециклира производствениот отпад.

Активистите за заштита на животната средина ги обвинуваат САД, најголемиот производител на нафтен кокс, дека едноставно го извезуваат еколошкиот проблем.

Директорката на Центарот за наука и заштита на животната средина Суаните Нарав вели дека Индија не треба да стане канта за отпадоци од другите делови на светот.