Лавров: Токио и Сеул ќе бидат првите жртви во случај војна на Корејскиот полуостров

од desk2
93 прегледи

Јапонија и Јужна Кореја, кои Америка се обидува да ги вовлече во провокациите на Северна Кореја, ќе бидат првите жртви во случај на војна на Корејскиот полуостров, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

„Покрај осудите на ракетно-нуклеарните авантури на Пјонгјанг, не можеме да не го осудиме провокативното однесување на нашите американски колеги. За жал, тие се обидуваат во тоа да ги вовлечат и Јапонците и Јужнокорејците, кои ќе бидат први жртви во случај на ширење на војна на Корејскиот полуостров“, вели Лавров во интервју за белоруската телевизија STV.

Лавров вели дека Русија ги почитува санкциите кои за Северна Кореја ги воведе Советот за безбедност на Обединетите нации.